22. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Израел го напаѓа Иран седма ноќ по ред

Израелската војска во четвртокот објави дека изведува серија напади во Иран, вклучително и Техеран, на седмиот ден од нејзината офанзива против Исламската Република.

„Израелските воздухопловни сили во моментов спроведуваат серија напади врз Техеран и други области на Иран“, објави израелската војска на „Телеграм“.

Најавувајќи ги претстојните напади, израелската армија повика на евакуација на иранските села Арак и Хондаб, кои се наоѓаат во близина на нуклеарни постројки.

„Израелските одбранбени сили итно ги повикуваат жителите, работниците и сите присутни во иранските села Арак и Хондаб (…) да се евакуираат веднаш“, се вели во Телеграм.

Иранската противвоздушна одбрана беше активирана во центарот на Техеран и пресретна беспилотни летала над главниот град на Иран, објави полуофицијалната новинска агенција СНН./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Зеленски: На Трамп му објаснив дека руските приказни за заземање на Донбас се само празни зборови

C +

Лавров: Распоредувањето европски војници во Украина е неприфатливо

C +

Суд во САД дозволи депортација на 60.000 имигранти од Хондурас, Никарагва и од Непал

C +