Centar.mk
СВЕТ

Се огласи ајатолахот Али Хамнеи: Иран никогаш нема да се предаде

Иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи, напиша дека Иран никогаш нема да им се предаде на ционистите во серија објави на социјалната мрежа X.

„Нема да имаме милост кон ционистите“, гласи преводот на една од објавите. Друг гласи: „Битката започнува“.

Ова се првите јавни изјави на Хамнеи откако американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека САД знаат каде е иранскиот лидер, но дека „тие нема да го убијат… барем засега“.

Порано оваа недела беше објавено дека Трамп ставил вето на израелскиот план за атентат врз Хамнеи./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Русија: Америка ни вети украинска територија

ДЕСК

Крај на краткорочните изнајмувања станови за туристи во Шпанија, Airbnb казнет

C +

Трамп: Искрено, Украина веќе изгуби територија

C +