Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Повеќе од половина од самовработените во ЕУ работат и по пензионирање

Во Европската унија, 56,4 отсто од самовработените лица во текот на 2023 година продолжиле да работат дури и по добивањето на првата пензија, објави денеска Евростат.

Канцеларијата на ЕУ задолжена за статистика наведува дека меѓу земјите-членки на Европската унија, процентот на самовработени пензионери кои продолжиле да работат или повторно се вклучиле на пазарот на трудот бил највисок во Шведска (98,4 отсто), Финска (88) и Ирска (87,7).

Од друга страна, најниско учество имало во Шпанија (18,2 отсто), Грција (20,3) и Словенија (40,4).

Повеќе од половина (57 отсто) од вработените пензионери во ЕУ работеле со скратено работно време.

Оваа стапка е значително повисока отколку кај вработените кои не се пензионери (16,2 отсто)./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Нова можност за 300 невработени: Платата ќе биде 28.000 денари

ДЕСК

ЛОШИ ВЕСТИ ЗА ПЕНЗИОНЕРИТЕ: Дури 92% од нив се оштетени од линеарното покачување – некои ќе загубат и до 1500 денари месечно поради тоа што нема да има системско зголемување, тврди СДСМ

ДЕСК

АСОМ: Новиот предлог-закон за игри на среќа не е регулација, туку политички напад врз легален бизнис

ДЕСК