12. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Претреси во Скопје, пронајдени дрога, оружје и муниција (ФОТО)

На 03.06.2025 во 20.00 часот на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од единицата за недозволена трговија при СВР Скопје лишија од слобода и маж(41) од Скопје. При претрес во неговиот домот, извршен со наредба на Основен кривичен суд Скопје, пронајдени и одземени се бела прашкаста материја и предмети со остатоци од прашкаста материја.

Лицето е приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 03.06.2025 околу 21.50 часот во Скопје, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, исто така, со наредба на Основен кривичен суд Скопје, извршија претрес во дом на подрачје на Центар во кој престојуваат турски државјани, при што во помошна просторија се пронајдени и одземени автоматска пушка и две рамки со муниција за пушката. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

Шукова: Да се формира стручен штаб за Дрисла од експерти, чадот е закана за целиот град

C +

Извршниот одбор на СДСМ утврди уште нови 4 кандидати за градоначалници

C +

Филипче до Мицкоски: Зошто не дозволувате декласификација за случајот со АНБ, јавниот интерес треба да е пред сè?

C +