23. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Таравари: Меѓуетничките односи и блокадата на интеграциите – главни причини за напуштање на Владата од страна на АА

Претседателот на Алијансата за Албанците и поранешен министер за здравство, Арбен Таравари, беше гостин во подкастот „Интеркултура“ на ИМА со Роберт Алаѓозовски. Во интервјуто, Таравари зборуваше за причините за напуштање на владината коалиција, состојбата со правата на заедниците, социјалната кохезија, меѓуетничките и интеркултурните односи, како и за блокадата на европските интеграции.

Тој истакна дека, иако меѓуетничките односи не беа директна причина, тие се една од главните причини за напуштање на владината коалиција. Таравари објасни дека укинувањето на балансерот и непочитувањето на претходните договори за законот за правична застапеност беа показатели дека партнерството не функционира.

„За да бидам искрен, тоа не е директната причина, но е една од причините – да, тоа е вистина. Имавме договор помеѓу четирите партии на ВЛЕН и премиерот за закон подготвен од Алијансата за Албанците, кој ќе обезбеди правична застапеност за сите заедници. Се кажа дека ќе се усвои во декември, но поминаа месеци и законот сè уште не е донесен,“ – истакна Таравари.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Понижување на народот, власта се гоштева со бадеми и фстаци а граѓаните се оставени сами со скапотијата

C +

СДСМ: Учениците немаат учебници, власта излажа – Јаневска да понесе одговорност

C +

Мицкоски: Седум милиони евра за проекти за развој на Штип

C +