Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Силен земјотрес во Турција: има починати и повредени

Земјотрес со јачина од 5,8 степени според Рихтеровата скала го погоди медитеранскиот брег на Турција, односно градот Мармарис, објави синоќа Турската агенција за управување со катастрофи и вонредни состојби (AFAD), едно 14-годишно дете починало поради напад на паника, а 69 се повредени.

Турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаџа објави дека 14-годишното дете било однесено во болница поради напад на паника, и починало.

Во соопштението се наведува дека епицентарот на земјотресот бил во Средоземното Море на длабочина од 67,91 километри и дека се случил во 02:17 часот наутро, како и дека бил почувствуван во соседните региони, вклучувајќи го и грчкиот остров Родос, објави турската телевизиска станица НТВ.

Гувернерот на Мармарис, Идрис Акбиџик, изјави дека луѓето се претежно повредени додека скокале од прозорци или балкони во паника, но дека нема веднаш извештаи за поголема штета./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

По 48 години бегство, пензионер уапсен во Италија поради убиство во Египет

C +

Обединетите Нации: Нуклеарните тестови никогаш не треба да се дозволат под никакви околности

C +

Мечките во Јапонија влегуваат во продавници и училишта, напаѓаат луѓе: се воведуваат драстични мерки

C +