Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Израелци на протест побараа од владата да преговара со Хамас и да ги ослободи заложниците

Стотици луѓе синоќа протестираа во Тел Авив, повикувајќи на прекин на војната во Газа и итно ослободување на преостанатите заложници кои ги држеше милитантната група Хамас.

„Знаеме дека се живи и знаеме дека нивното време истекува“, рече Лиран Берман, чии браќа близнаци беа киднапирани во нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година.

Берман ја критикуваше одлуката на израелската влада да го повлече преговарачкиот тим од Катар.

„Секој ден без преговори е ден кога ризикуваме да ги загубиме“, рече тој. Еинав Зангаукер, чиј син се уште е заложник, за време на протестите јавно и се обрати на владата на премиерот Бенјамин Нетанјаху: „Кажи ми премиере, како можеш да се погледнеш во огледало знаејќи дека оставаш 58 заложници?

Нира Шараби, чиј сопруг е убиен во заробеништво и чие тело се уште е во Појасот Газа, рече дека на нејзините ќерки им треба да се заврши тоа за да можат да тагуваат. Се додека нејзиниот сопруг нема гроб, пеколот ќе продолжи. Таа рече. „Апелирам до израелската влада: нека заврши овој кошмар. Во Газа се уште има 58 заложници, од кои повеќето веќе не се живи./Извор:Makfax