Соопштение на СДСМ – интегрален текст:
Поразителни се последните податоци, за само еден месец, синдикалната кошничка е поскапена за 1.217 денари. Само за храна и пијалоци, трошоците се зголемени за 954 денари. Денес, на едно четиричлено семејство му требаат речиси 64.000 денари месечно – само за преживување.
Ова е директна последица на неспособноста на власта која не презема ништо. Дебакл на економските политики на владата на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ.
Цените растат, платите стојат, мерки – нема!
Додека граѓаните се борат со скапотијата и бројат денари за да обезбедат леб до крајот на месецот, владата троши за октоподи, школки и лосос. Само во април и мај, СОЗР склучила милионски договори вредни 2.2 милиони денари за луксузна храна – додека народот преживува со кредити и одрекувања.
Ова не е политика, ова е грабеж!
СДСМ бара веднаш владата да ги прифати мерките за:
-Покачување на минимална плата на 500 евра
-Зголемување на платите во јавниот и приватниот сектор
-Укинување на ДДВ за храна за реално намалување на цените.
СДСМ останува на страната на граѓаните. Ќе се бориме за достоинствен живот, за реални плати и економија што работи за народот, а не за министрите.