26. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Лишен од слобода возач во Пробиштип затоа што управувал возило по дејство на алкохол

На 21.05.2025 во 00.10 часот во Пробиштип, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Пробиштип го лишија од слобода О.Т.(39) од Пробиштип. При сообраќајна контрола е сопрено патничко возило „опел мерива“ со пробиштипски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,55 промили алкохол во крвта, соопшти МВР.

Тој е исклучен од сообраќај и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“ .

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Мицкоски се фали со бројки, граѓаните со празни џебови едвај го преживуваат месецот

ДЕСК

Шукова: ВМРО-ДПМНЕ го осквернави идентитетот и архитектурата на Скопје, градот ќе ги врати вистинските вредности

ДЕСК

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ свесно ги турка граѓаните во сиромаштија

ДЕСК