Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
photo created by AI
МАКЕДОНИЈАвест

Претреси во велешко, пронајдени оружје и муниција, лишени од слобода три лица

На 18.05.2025 во 09.00 часот, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода Љ.Д.(60) и Б.Ц.(61) двајцата од село Согле, општина Чашка и С.Р.(72) од село Теово, општина Чашка, соопшти МВР.

При претреси во нивните домови, извршени со судска наредба, кај Љ.Д. се пронајдени и одземени ловечка пушка и два патрони калибар 12, кај Б.Ц. се пронајдени и одземени ловечка пушка и 17 патрони, додека кај С.Р. е пронајден и одземен еден пиштол со рамка, револвер и пушка, кои ги поседувале без соодветна документација.
Известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави, рекоа од таму.

Можеби ќе ве интересира

Крвав инцидент со пукање во Скопје: Младо момче рането со остар предмет од друго лице кое подоцна се вратило со огнено оружје и пукало

ДЕСК

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ со поголема Коалиција изгуби 140.000 гласови и тоа е сериозен политички сигнал

ДЕСК

Филипче од Јакреново: Таму каде што СДСМ има градоначалници, има резултати

ДЕСК