Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Земјотрес во Македонија – еве каде е епицентарот

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, рано утринава во 5 часот и 7 минути и 5 часот и 16 минути регистрираа земјотреси чии епицентри потекнуваат од епицентралното подрачје Пештани- Охрид -Струга, на околу 100 км југозападно од Скопје, со Рихтерови локални магнитуди, ML3.4 и ML2.3.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, почувствуван е земјотресот во 5 часот и 7 минути во Охрид, Струга и блиската околина со интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала.

Можеби ќе ве интересира

Повторно гореа автокмобили во Скопје

ДЕСК

Директорка на средно училиште присвоила два службени телефони, полицијата и затропа на врата

ДЕСК

Двајца скопјани осомничени за палење на ауди во Куманово

ДЕСК