Премиерот се сретна со премиерот на Северна Македонија Христијан Мицкоски на самитот на Европската политичка заедница. Лидерите разговараа и за неодамнешниот договор на Северна Македонија за приклучување кон Заедничката работна група за миграција, со што дополнително ќе се зајакне регионалната соработка за спречување на нерегуларните мигранти што транзитираат низ Балканот и ќе се попречат криминалните банди што им помагаат.
Ова е извадок од официјално соопштение на британската влада по вчерашната средба Мицкоски – Страмер во Тирана од каде македонскиот премиер најавуваше убави вести за граѓаните.
Но дали убавите вести се всушност најава за отворање на центри за прием на мигранти и азиланти од Велика Британија?
Британски медиуми пишуваат дека тамошната влада е во преговори со други земји за формирање прекуокеански „центри за враќање“ за неуспешни баратели на азил а меѓу нив се спомнуваат Македонија, Србија, Босна и Херцеговина како и други неевропски земји.
Овие центри за враќање би се однесувале само на барателите на азил чии барања биле одбиени и кои немале понатамошни механизми за жалба во Велика Британија.
Слична шема на соработка има Албанија со Италија иако тој процес во моментов е запрен поради правни причини.
Ако Македонија стане дел од заедничката група за миграција, многу лесно може да се случи во блиска иднина за одреден паричен надомест, во нашата држава да се сместуваат лица кои Британија ги одбила за азил, односно во превод, да се градат кампови за мигранти кои се протерани од Островот.
ПОВЕЌЕ ОД ИНТЕРНЕТОТ...