Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

СДСМ: Мицкоски живее надвор од реалноста, економијата тоне, граѓаните едвај врзуваат крај со крај

-Изјавите на Мицкоски, во кои тврди дека цените се намалени, дека инфлацијата е намалена и дека сме биле први во Европа, се во целосна спротивност со секојдневната реалност на македонските граѓани. Очигледно Мицкоски живее надвор од реалноста, реагираат од СДСМ.

„Додека Мицкоски зборува за „економски успеси“, граѓаните се соочуваат со постојано зголемување на цените на основните производи, платите стагнираат а стандардот опаѓа. Тоа е реалноста во Македонија.

Поскапувањата од една страна и стагнирањето на платите од друга страна го отежнува животот на граѓаните кои се принудени да се откажат од основни потреби за да го преживеат месецот.

Според проекциите на Светска банка, Македонија ќе биде на дното во регионот по економски раст, со проектирани само 2,7% раст на БДП оваа година.

Ако се пресмета инфлацијата од 3%, раст воопшто нема, односно економијата е во целосна стагнација.

Наместо да се фокусира на веселени математики кои не ја одразуваат вистинската состојба, премиерот треба да се посвети на решавање на економските проблеми кои ги мачат граѓаните.

Политиките на Мицкоски досега не донесоа подобрување на животниот стандард. Напротив, економската несигурност и социјалната неправда се зголемија.“ – велат од СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита

ДЕСК

Шест лица го загубија животот за четири дена во сообраќајни несреќи, секојдневно сами го ризикуваме животот поради непочитување на сообраќајните правила и прописи

ДЕСК

Претседателот Гаши на средба со претставници на ДИК

ДЕСК