Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Апасиев: Секојдневни убиства и пукања, а ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ го либерализираат оружјето

По однос на Предлог-измените на Законот за оружје коишто се најдоа на Дневен ред на Собранието, а се поднесени од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ – пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев, на својот фејсбук профил напиша:

„Во услови на секојдневни убиства и пукања по улици, наместо да го прохибираат оружјето и муницијата, со цел демилитаризација на општеството, забеганите од ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ воведуваат дополнителна либерализација на оружјето!

Па така, сега физичко лице наместо 200, ќе може легално да си набавува 500 куршуми годишно?” – потенцираше Апасиев.