Стратегијата за 2025-2030 се фокусира на стратешките приоритети во земјата .
- Зајакнување на регионалната интеграција преку поврзување и зајакнување на поврзаноста на ланецот на вредности
- Забрзување на транзицијата кон зелена и одржлива иднина
- Поддршка на поконкурентна, инклузивна и добро-управувана економија
Бордот на Директори на Европската банка за обнова и развој ја одобри новата Стратегија за Северна Македонија за следните пет години (2025-2030).
Стратешките приоритети се:
- Зајакнување на регионалната интеграција преку поврзување и зајакнување на поврзаноста на ланецот на вредности, преку инвестирање во отпорна, интегрирана инфраструктура и поддршка на подлабока поврзаност на ланецот на вредности
- Забрзување на транзицијата кон зелена и одржлива иднина, преку декарбонизација, зелени инвестиции, и промовирање на одржлив и инклузивен општински и јавни услуги.
- Поддршка на поконкурентна, инклузивна и добро-управувана економија преку зајакнување на конкурентноста на приватниот сектор, подобро управување и справување со демографските предизвици преку зајакнување на развојот на вештини и економска инклузија.
Фатих Туркменоглу, Претставник на ЕБОР за Северна Македонија изјави: ,,Нашата нова Стратегија за Северна Македонија ја определува нашата јасна и амбициозна визија во следниве пет години, фокусирајќи се на продлабочување на регионалната интеграција, забрзување на зелената интеграција, и градење на поконкурентна, инклузивна и добро-управувана економија. Преку инвестирање во отпорна инфраструктура и поддршка на развојот на ланецот на вредности, се стремиме да ѝ помогнеме на земјата да ја зајакне улогата во регионалната економија. Во исто време, нашата определба за декарбонизација и одржливи јавни услуги ќе го поддржи патот на земјата кон позелена иднина. Ќе продолжиме да го промовираме растот на приватниот сектор, демографијата, ќе го подобриме владеењето и ќе ја зајакнеме економската инклузија, особено за жените, младите и помалку застапените групи. Со силно локално партнерство и заедничка реформска агенда, уверен сум дека Северна Македонија е добро позиционирана да го отклучи целосниот потенцијал и да постигне уште подраматичен и инклузивен раст во годините кои следат.ˮ
ЕБОР е водечки инвестициски инвеститор во Северна Македонија и има инвестирано над ЕУР 2,9 милијарди во 198 проекти.