Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, се обрати на министерскиот панел на Глобалната конференција за градење на Сајбер капацитети (GC3B), која се организира од страна на Глобалниот форум за сајбер експертиза и Светскиот економски форум во Женева, Швајцарија.
Министерот Андоновски, во своето обраќање пред десетиците министри, експерти и учесници, нагласи дека донесувањето на првиот Закон за сајбер безбедност во земјата и неодамна донесената Национална сајбер стратегија претставуваат клучен чекор во јакнењето на институционалниот и технолошкиот отпор кон хибридни закани и дигитални ризици.
“На градењето на сајбер-капацитети пристапивме не само како технолошко прашање, туку како прашање на национален развој. Тоа значеше да се направат три работи: вградување на сајбер-безбедноста во поширокиот контекст на дигитална трансформација како аспект без кој не се може, второ – широка институционална поставеност во носењето на клучните политики. „ Со тоа овозможивме никој да не се чувствува оттуѓено, туку дека ова е закон и стратегија за секој од нас.“
И трето, вклучување приватниот сектор и меѓународната заедница, не врз база на еднократен проект, туку како партнери.” изјави Андоновски
За мала но решителна земја како Македонија, потребна е системичност наместо фрагментација.
Овие мерки се однесуваат не само на подобрување на националната безбедност, туку и на забрзаното прилагодување на економијата на дигиталната ера, која ќе ја направи земјата подготвена за идните глобални предизвици.
фото МДТ