30. април 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фотографија: Центар.мк
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Следува голема промена на времето – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

Во четврток попладне и во петок ќе има услови за локален краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува умерен северен ветер. Во деновите од викендот ќе биде стабилно, сончево и топло со мала до умерена облачност, а од почетокот на следната седмица се очекуваат повремени врнежи од дожд и појава на грмежи.

Прогноза за 01.05.2025
Минимална температура: 2°C до 9°C
Максимална температура: 20°C до 27°C

Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен ветер од северен правец. Попладне ќе има услови за локален краткотраен дожд и ретки грмежи.

Прогноза за 02.05.2025
Минимална температура: 5°C до 12°C
Максимална температура: 19°C до 26°C

Сончево со умерена облачност. Попладне наместа ќе има зголемена облачност со локален дожд и грмежи. Ќе дува умерен ветер од северен правец.

Прогноза за 03.05.2025
Минимална температура: 4°C до 11°C
Максимална температура: 21°C до 28°C

Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.