Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху синоќа изјави дека секој договор со Иран мора да вклучува „уништување на целата иранска нуклеарна инфраструктура“, објавија израелските медиуми.
„Договорот со Иран мора да ја отстрани способноста на Иран да збогатува ураниум. Договорот што функционира е оној што ја отстранува способноста на Иран да збогатува ураниум за нуклеарно оружје. Уништете ја целата инфраструктура на нуклеарната програма на Иран. Ова е договор со кој можеме да живееме“, рече премиерот Бенјамин Нетанјаху на Конференцијата за политика во Ерусалим, објави „Тајмс оф Израел“.
Американскиот државен секретар Марко Рубио неодамна изјави дека Вашингтон се стреми кон договор што ќе го спречи Иран да збогатува ураниум, додека неговиот ирански колега, Абас Аракчи, го окарактеризира прашањето за збогатување како „неопходно за преговори“.
Нетанјаху рече дека во случај двете страни да се согласат на поблаг договор, Иран едноставно ќе почека до крајот на мандатот на Доналд Трамп и изрази став дека производството на ирански балистички ракети мора да биде дел од преговорите.
„Прашањето за одбранбените капацитети и ракетите не е на дневен ред и не беше покренато во индиректните преговори“, изјави портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи во саботата, по последната рунда преговори./Извор:Makfax