24. април 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Шефот на дипломатијата на Трамп го предупреди Иран да не збогатува ураниум

Иран, според каков било договор со САД, ќе мора да престане со збогатување ураниум и би можел да го увезува она што му е потребно за неговата цивилна нуклеарна програма, изјави американскиот државен секретар Марко Рубио пред разговорите меѓу Техеран и Вашингтон во сабота.

Иран, сепак, јасно стави до знаење дека не може да се преговара за неговото право за збогатување ураниум. „Нулта збогатување (на ураниум) е неприфатливо“, изјави висок ирански функционер близок до иранскиот преговарачки тим.

САД сакаат да го спречат Иран да развие нуклеарна бомба, а претседателот Доналд Трамп врши „максимален притисок“ со санкции и се закани дека ќе употреби воена сила доколку Иран не ја запре својата нуклеарна програма.

„Постои пат до цивилна, мирољубива нуклеарна програма ако тоа го сакаат. Но, ако инсистираат на збогатување ураниум, тогаш тие ќе бидат единствената земја во светот која нема „програма за оружје“, но збогатува. Мислам дека тоа е проблематично“, рече Рубио во еден подкаст.

Американскиот пратеник за Блискиот Исток Стив Виткоф минатата недела рече дека Иран не треба да збогатува повеќе од 3,67 отсто, забелешка што покрена прашања за тоа дали САД сè уште сакаат Техеран да ја укине својата програма за збогатување, само за да каже еден ден подоцна дека Иран мора „да го запре и елиминира нуклеарното збогатување“.

Рубио појасни дека Виткоф зборувал за „ниво на збогатен материјал што треба да се увезува од странство, како што прават многу земји ширум светот за мирни, цивилни нуклеарни програми“.

„Ако Иран сака цивилна нуклеарна програма, може да ја има како другите земји, што значи дека можат да увезуваат збогатен материјал“, рече Рубио.

Агенцијата на ОН за атомска енергија (МААЕ) предупреди дека Иран „драматично“ го забрзува збогатувањето ураниум до 60 проценти чистота, што е блиску до чистотата од 90 проценти потребни за производство на оружје.

Западот нагласува дека нема потреба да се збогатува ураниум до толку високо ниво на чистота за цивилни цели./Извор:Makfax