Во интервју за рацин.мк архитектот и универзитетски професор, Мишко Ралев посочи дека изградбата на постземјотресно Скопје бил своевиден светски феномен, а во неговата изградба било ангажирано целото светско знаење и целата тогашна светска технологија.
„Кензо Танге го прави само проектот, односно планот, за централното градско подрачје и одеднаш нели Кензо Танге станува, мислам дека веќе ќе стане фолклор, какоКрале Марко на Скопје, затоа што обичниот човек мисли дека Кензо Танге го го направил.
И тоа е феномен. И тогаш Обединетите Нации велат дека е дека не смее тука да се застане, затоа што Скопје е показна вежба за справување на светската заедница со природни катастрофи.
Но едноставно среќа наша што во еден многу краток период од 15-тина години се направени, се испроектирани и изградени сите важни институции. Денеска не можете вие за три години една обична куќа да направите. Земете го Градски трговски центар за пример.
Конкурсот е започнат во 1969, а 1973 е веќе пуштен. Тоа е резултат на знаење. И на проектантско,на архитектонско, на инженерско и и на знаење на техниката и технологија. Затоа што ГТЦ е целиот челична конструкција.
И тогаш, наеднаш состојбите се сменија. Јас не сум сведок на тоа време, но мислам дека и политичките состојби во Југославија, односно економските состојби се нарушија и ние се потпревме сами на себе“ рече тој.
Сепак, забележува Ралев, по распадот на СФРЈ развојот на Скопје е закочен и се оди во некои други, непознати правци, а како најеклатантен пример за тоа го наведе проектот Скопје 2014 и натурањето на барокот како концепт на градба во централното градско јадро.
Фото: Рацин.мк