12. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Германските компании планираат отпуштања, состојбата на пазарот на труд останува тешка

Германските компании планираат отпуштања, а состојбата на пазарот на труд сѐ уште е тешка, е заклучокот од извештајот што денеска го објави Институтот за економски истражувања ИФО од Минхен за март.

Вредноста на индексот, кој ја мери подготвеноста на компаниите за отпуштања и вработувања, благо падна во март од 93 поени во февруари на 92,7 поена.

Ситуацијата на пазарот на труд е сè уште сложена, а невработеноста, најверојатно, ќе продолжи благо да расте, коментира менаџерот за истражување на ИФО, Клаус Ворабе.

Најмногу отпуштања се планирани во индустријата. Овој тренд трае речиси две години и ги засега речиси сите компании од секторот.

Давателите на услуги исто така станаа повнимателни во планирањето на персоналот. Состојбата во малопродажбата е нешто подобра, но многу трговци сепак сакаат да го намалат бројот на вработени.

Засега не се планирани поголеми промени во градежната индустрија, јавува „Танјуг“.

Поради слабите економски перспективи, се очекува бројот на невработени во Германија да продолжи да расте оваа година и првпат по десет години да ја надмине бројката од три милиони, објавија медиумите претходно./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

МФ: Од денеска исплатите од Буџетот транспарентно ќе се објвавуваат во посебна база за буџетски трошоци во изборен период

ДЕСК

Ранливите потрошувачи добиваат поддршка: како да аплицирате за клима-уред и помош за струја

C +

„Аплицирајте за клима уред или субвенција за струја: еве кој има право и кои документи се потребни“

ДЕСК