Centar.mk
фото МВР
МАКЕДОНИЈА

Го фатија со полн багаж дрва за огрев – Полицијата веднаш го приведе

Денеска (25.03.2025) околу 14.20 часот од страна на полициски службеници од ПО Мирковци, во близина на манастирот Св.Никита во с. Горњани, сопрено е патничко моторно возило “венто” со скопски регистерски ознаки, управувано од лице од едно село во Скопје.

При извршениот преглед во возилото, констатирано е дека е натоварено со огревни дрва, без соодветна документација.

Осомничениот е приведен согласно член 104 став 11 од Законот за шумите и спроведен во ПО Мирковци за понатамошна постапка. Известена е Шумска полиција и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопштија од македонската полиција.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Веќе не се спремаме за избори, туку да ја вратиме власта во рацете на граѓаните!

ДЕСК

Филипче: Целосно ќе ја разобличиме криминогената власт на ДПМНЕ и ЗНАМ

ДЕСК

Филипче: СДСМ избира нов тим, нова сила – нова енергија

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.