18. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Меѓу загинатите од нападот на Русија врз Украина е и петгодишно дете

Русија ноќта ја нападна Украина со 147 беспилотни летала, соопшти денеска украинското воздухопловство.

Беа нападнати неколку украински региони, а украинските сили за воздушна одбрана уништија 97 беспилотни летала.

Во напад со беспилотните летала на руските сили врз Киев во текот на ноќта загинаа три лица, меѓу кои и едно петгодишно дете, а десет беа повредени, објави градската воена управа на Киев во објава на Телеграм.

Уште 25 дронови не стигнаа до своите цели, се вели во соопштението на украинските воздухопловни сили на апликацијата за комуникација Телеграм./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Трамп го има најбогатиот кабинет во историјата

C +

И Макрон оди во Вашингтон со Зеленски, потврдено и пристигнувањето на шефот на НАТО и Мерц

C +

Урсула фон дер Лајен: Одам со Зеленски во Вашингтон

C +