Во најголемата трагедија во историјата на Македонија згаснаа 59 млади животи, откако се запали ноќниот клуб во Кочани.
Семејствата се подготвуваат за погреб на 59 млади, чии живпти згаснаа во една во една од најголемите трагедии во историјата на земјава.
– Со длабока жалост ве информираме дека погребот на настраданите во ужасниот пожар во Кочани ќе се оджи утре (четврток, 20.03.2025 година) во следниот период:
11.00 часот на градските гробошта во Штип:
12.00 часот на градските гробишта во Кочани:
13.00 часот на гробиштата во с. Облешево.
Останатите погреби ќе се одржат во различни временски периоди во текот на утрешниот ден.
Свештениците од локалните цркви ќе ги контактираат сите ужалени семјства со детали околу погребот, напиша Стојанче Ангелов.
-Не можам да ги опишам ужасот и тагата кои ги чувствувам. Уште еднаш изразувам најдлабоко сочувство до семејствата на настраданите. Бог нека им дава сила да ја издржат оваа ненадоместлива загуба, болка и тага.
Во овие моменти на неопислива тага, траор и колективна жал ги замолувам сите граѓани за достоинствено испраќање на жртвите и разумно постапување во текот на утрешниот тажен ден, соопшти Стојанче Ангелов од ЦУК.