10. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈА

Снегот се враќа во делови од Македонија, очекувајте студено и облачно време со температури под нулата – Познато е кога да очекуваме затоплување

Утре времето ќе биде променливо облачно и студено со умерен до засилен северен ветер (над 60км/ч.). Претпладне претежно во западните и југозападните делови ќе има врнежи од дожд и снег во пониските и од снег на повисоките места и на планините, каде ќе се формира нова снежна покривка (2-10см). Потоа следува период на стабилно време со ниски утрински температури кои до петок насекаде ќе бидат под нула.

Прогноза за 19.03.2025
Минимална температура: -8°C до 0°C
Максимална температура: 7°C до 14°C

Утрото студено, преку денот претежно сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Прогноза за 20.03.2025
Минимална температура: -9°C до -1°C
Максимална температура: 10°C до 17°C

Утрото студено, преку денот претежно сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Прогноза за 21.03.2025
Минимална температура: -7°C до 0°C
Максимална температура: 15°C до 22°C

Утрото студено, преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.

Можеби ќе ве интересира

Чувајте се, афричкиот топол бран чука на врата, температурите ќе достигнат и до 40°C – Метеоролозите излегоа со четиридневна прогноза

ДЕСК

ДИК оддржа седница по распишувањето на Локалните избори – донесени 12 точки на дневен ред

ДЕСК

АВМУ ќе врши мониторинг на медиумското известување во предизборниот период

ДЕСК