Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Градот Скопје изразува длабоко сочувство до семејствата на настраданите

Изјава за јавноста на Град Скопје

Градот Скопје изразува длабоко сочувство до семејствата на настраданите во страшната несреќа која ноќеска се случи во Кочани. Трагедијата која што се случи е огромна, нема зборови што можат да ја искажат болката и тагата за загубата на нашите сограѓани.

Сочувство до семејствата и роднините на настраданите изразија Претседателот на Советот на Град Скопје и Градоначалникот на Град Скопје кои во рамки на коодинираните активности за помош на семејствата на жртвите и повредените при катастрофалниот настан во Кочани, организираат итна седница на Советот на Град Скопје која претседателот на Совет ќе ја свика за вторник 18 март.

Можеби ќе ве интересира

ВИСОК ПРИТИСОК ГО „ЗАКЛУЧУВА“ ВРЕМЕТО: Стабилност со скриена замка – Детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

СДСМ со упатство: Безидејно ВМРО – ДПМНЕ, Македонија 2030

ДЕСК

Пожар во стан во Скопје, за среќа нема повредени

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.