„Милионски се профитите на газдите на клубовите и дискотеките. Кога би вложиле дел од својот мрсен профит во безбедност и превенција – трагедијата во Кочани немаше да се случи. Милионски се буџетите и на институциите чија задача е да се грижат за безбедноста на луѓето. Да инвестираа повеќе во безбедноста, а помалку во партиски вработувања и пи-ар, оваа трагедија немаше да се случи“ пишува Џабир Дерала во неговиот текст на „Цивил медиа“ во врска со синоќешната трагедија во Кочани.
Дерала додава дека трагедијата а е ужасен, црн, трагичен потсетник за сите родители, чии деца секојдневно се изложуваат на ризици поради отсуството на грижа за безбедноста и превенцијата.
„Кој дозволил во објектот да влезат деца? Кој ја издал лиценцата за тој објект? Дали некој се занимава со стандардите на овие објекти и дали тие стандарди се почитувале во дискотеката?“ прешува Дерала.
Тој исто така пишува дека е неприфатливо министерот за внатрешни работи да одбива да одговори на прашањата, да бара да биде оставен да работи.
„Тој не се занимава директно со ситуацијата на теренот, не е обврзан физички да трага по фактите, ниту е директно во командната структура на полицијата – не е ни обучен за тоа. Тој е лицето повикано да ѝ одговори на јавноста, да одговори на сите прашања, колку и да се наивни“