Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Пензионерите ќе добијат 2.500 денари покачување, за минималецот се’ уште нејасно

Наместо редовното усогласување, пензионерите мартовската пензија ќе ја земат за 2.500 денари повисока.

Ова покачување ќе биде линеарно за сите пензионери.

Од следниот септември повторно најверојатно ќе се врати реодвното усогласување на пензиите во земјава, кое е системски и се пресметува според трошоците на живот, инфлацијата, просечната плата… Усогласувањето кое беше донесено од минатата влада се прави два пати годишно, еднаш во март и еднаш во септември, секоја година.

Додека пензионерите се на чисто, по галопирачките цени на прехранбените и основни продукти, дека ќе добијат покачување од 2.500 денари, работниците се’ уште не знаат дали ќе ги добијат оние 1.800 денари кои им следуваат со системското покачување или пак ќе падне договор за минимална плата од 500 евра, на која се противат големите компании.

Можеби ќе ве интересира

Скандинавците ќе се запознаат со убавините на Македонија, Roadshow на Македонската асоцијација за дојдовен туризам (НАИТМ)

ДЕСК

Пензионерите ќе добијат 1.000 денари линеарно покачување дури во март – што дотогаш?

ДЕСК

Николоски: Од утре 11 нови директни летови од скопскиот и охридскиот аеродром

ДЕСК