Црниот дроб е еден од најважните органи во нашето тело и извршува многу функции. Тоа е орган каде што се обработува храната и пијалоците и се филтрираат потенцијално токсичните супстанции од крвта.
Сепак, со модерниот начин на живот кој влијае да не обрнеме многу внимание на исхраната, па практикуваме зголемен внес на мрсна храна, алкохол и лекови, но и поради зголеменото загадување на околината, црниот дроб може да биде изложен на голем напор. Ако не е заштитен, црниот дроб нема соодветно да ги процесира хранливите материи, а доколку е изложен на потенцијално штетни супстанции, тоа може да доведе до разни здравствени проблеми, оштетувања или некое заболување.
Експертите препорачуваат Liver Detox, па дури и како превенција, со цел одржување нормална функција на црниот дроб и да се спречи создавањето на воспаление и стеатоза, замастување или фиброза (цироза) на ткивото. Овој природен суплемент значително помага во заштита и одржување на функцијата на црниот дроб при состојби на инфективен или хроничен хепатитис А, Б, Ц, стеатоза како и цироза.
Liver Detox содржи Силимарин добиен од екстракт од млечен трн кој научно докажано помага да се заштитат клетките во црниот дроб од оштетувањето кое може да го направат токсините и мастите. Претставува единствен препарат со калциум-Д-глукорат на пазарот, неопходен за поддршка на детоксикациските процеси во црниот дроб. 100% има природен состав, не содржи ГМО, глутен, соја, ни млеко.
Може да го користат здрави лица за превенирање на состојби и болести на црн дроб, како замастен црн дроб, инфективни и неинфективни хепатитиси, при труење со храна и при хиперхолестеринемија.
Помага во одмастување на замастениот црн дроб
Со редовно земање на Liver Detox се обезбедува чистење на клетките на црниот дроб од вишокот акумулирани масти и ослободување од состојбата на замастување. Додека преку стимулација на секрецијата на жолчна течност се помага елиминацијата на ослободените масти во дигестивниот систем и нивно исфрлање надвор од телото.
Помага во подобрување на детоксикацијата на крвта и целиот организам
Синергистичкото дејство на состојките во производот помагаат да се подобри разградувањето и елиминацијата на токсините кои се внесуваат во организмот со храната, кои се создаваат во самите метаболни процеси, помага за навремено разградување на лековите и хормоните, со што придонесува да се одржи детоксикацијата на крвта и да се заштитат другите органи во телото.
Помага во подобрување на дигестијата на масти и редовното празнење на цревата
Liver Detox ја стимулира секрецијата на жолчка која е неопходна за правилна и целосна дигестија и апсорпција на мастите. Тоа е важно за апсорпција и на липосолубилните витамини, како витамините А, Д, Е и К, и апсорпција на мастите како Омега 3, 6 или 9 кои се важни за здравјето.
Употребата на препаратот е посебно значајна за лицата без жолчна ќеса кои имаат хроничен проблем со дигестијата и апсорпцијата на мастите. Воедно жолчката има и лубрикантско дејство на цревата со што се олеснува нивното празнење.
Добро е да се преземе контрола и да се инвестира во своето здравје со природни решенија. Со вклучување на белиот трн во секојдневната рутина се преземаат проактивни чекори кон одржување на здрав црн дроб и дигестивен систем.