Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Трамп до Канаѓаните: Не ни требаат вашите автомобили, дрво и енергија, ќе дознаете набргу

Американскиот претседател Доналд Трамп се огласи откога канадската провинција Онтарио објави дека ќе им наплати на американските домаќинства 25 отсто повеќе за електрична енергија како одговор на американските царини.

„И покрај фактот што Канада им наплаќа на САД царини од 250 до 390 % за многу од нашите земјоделски производи, Онтарио штотуку објави дополнителен надомест од 25 % за електричната енергија, а тоа дури и не е дозволено да се направи.

Бидејќи царините се реципрочни, се ќе вратиме на 2 април. Канада е земја што ги злоупотребува царините и секогаш ги злоупотребувала, но САД повеќе нема да ја субвенционираат Канада. Не ни требаат вашите автомобили, не ни требаат вашите дрва, не ни треба вашата енергија и ќе дознаете многу бргу“, напиша Трамп на социјалната мрежа „Вистина“.

Минатата недела Трамп најпрвин воведе царини од 25 отсто на увозот од Канада и Мексико, но потоа ги паузира до 2 април. Тој тврди дека тарифите се одговор на неприфатливиот прилив на илегални дроги и недокументирани мигранти во САД од двете соседни земји./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

ЕВН Македонија учествуваше на 14-тиот Меѓународен форум за енергетика и одржлив развој

ДЕСК

СРЕЌНА ВЕСТ: Почна исплатата на пензиите – Оваа наша банка ги исплати предвреме!

ДЕСК

Трипуновски: Килограм свежо македонско овошје неделно ќе добива секое дете во детските градинките

ДЕСК