14. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

Втор дел од акцијата „Заедно средуваме – заедно уредуваме“

Отстранување на кабастиот и градежниот отпад за здрава и чиста животна средина

Општина Битола како центар на Пелагонискиот плански регион, по препорака на Министерството за животна средина и просторно планирање, ќе организира одлагање на кабастиот отпад и градежниот шут, во периодот од 15-ти до 20-ти март. Истата акција, која еднаш веќе беше спроведена во месец февруари, ќе продолжи и во месец април. Во наведените термини, граѓаните ќе можат да го доставуваат отпадот во терминот од 7-15 часот и
тоа:

Кабастиот отпад ќе се одлага во кругот на Стопанскиот двор на ЈКП Комуналец на ул. 16-та бб,

Градежниот шут ќе се одлага во кругот на Стопанскиот двор на КЈП Нискоградба, на ул. 16-та бб.

Општина Битола останува доследна во реализирањето на Акцискиот план за чист воздух донесен од Владата, од кој произлегуваат обврските за справување со отпадот и обезбедување на услови за одложување и собирање на кабаст отпад и градежен шут.

Можеби ќе ве интересира

Реконструкција на улица „2“ во населба Илинден

ДЕСК

Град Скопје во рамки на постапката за изработка на новиот Генерален урбанистички план ГУП 2022–2032 година организира Јавна дискусија со цел вклучување на граѓаните во процесот на планирање и уредување на просторот

ДЕСК

Герасимовски: Спортот ја развива кондицијата, дисциплината и спортскиот дух, децата спортуваа со Кокан Ајановски

ДЕСК