Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

Отстранети 60 кубни метри отпад од диви депонии во скопските општини Чаир, Центар и Гази Баба

Во текот на вчерашното деноноќие, екипите на ЈП Комунална хигиена – Скопје отстранија неколку обемни диви депонии лоцирани во скопските општини Чаир, Центар и Гази Баба.

Во општина Чаир, повторно беше интервенирано на булеварот Никола Карев (Пластичарска улица), каде што се подигнати 30 кубни метри мешан комунален и кабаст отпад, одложени кај детското игралиште на аголот со улицата Максут Садик.

Во општина Центар, отстранети се приближно 20 кубни метри кабаст отпад од јавни и сообраќајни површини на улиците Митрополит Теодосиј Гологанов и Народен фронт.

Екипите на ЈП Комунална хигиена – Скопје реализираа активности и во општина Гази Баба, каде што во населбата Хиподром се подигнати 10 кубни метри кабаст и градинарски отпад, одложени на сообраќајна површина во близина на последната автобуска постојка на автобусот бр. 50.