Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Нова страшна трагедија во Македонија: Близу Битола загинаа 2 лица, едно е тешко повредено во тешката сообраќајка од попладнево

Патниот правец Битола – Прилеп речиси цел ден беше затворен за сообраќај, односно возилата се движеа по околните стари патишта, поради новата страотна сообраќајка која однесе два човечки животи, а еден човек е тешко повреден.

Како што се дознава во тешката сообраќајка на самиот влез на Битола учествувале товарно возило – камион и автомобил, при што се случил директен судир кој бил кобен за две лица. Едното лице било од Скопје, а другото странец. Во несреќата повредено е уште едно лице кое било државјанин на странска држава.

Повредениот е итно пренесен во битолскиот медицински центар.

За неполни 24 часа во Македонија се случија три тешки сообраќајки со жртви, при што загинаа четири лица, додека пак бројот на жртви овој месец е поголем.

Можеби ќе ве интересира

ПОВТОРНО ГОЛЕМА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО – Метеоцентар со временски најави за следните 4 дена

ДЕСК

Сиљановска-Давкова се обрати на Парискиот мировен форум: Евроинтеграцијата е дијалог, а не диктат

ДЕСК

Платила во туристичка агенција за патување 2.000 евра во кеш – ниту видела патување, ниту парите

ДЕСК