-На 09.03.2025 во 12.40 часот, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Кавадарци го лишиле од слобода М.И.(54) од Кавадарци поради сомнение за сторено кривично дело по член 297 – А од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, соопшти МВР.
-Имено, на улица „Страшо Пинџур“ во Кавадарци, каде се одвивала јавна манифестација „Кавадаречки полумаратон“, тој не испочитувал наредба на полициски службеник да запре со возилото и продолжил да се движи по улицата. М.И. бил задржан во Полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информира полицијата.