Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи синоќа во објава на социјалната мрежа Икс напиша дека неговата земја ќе преговара со САД само без притисок и закани. „Нуклеарната програма на Иран отсекогаш била – и секогаш ќе остане – само за мирољубиви цели“, рече тој. „Затоа, во основа не постои такво нешто како негова „потенцијална милитаризација“.
Арагчи додаде дека Иран во моментов преговара со европските земји, како и со Русија и Кина.
„Во моментов сме во разговори со Е3 – и одделно со Русија и Кина – на еднаква основа и со взаемно почитување. Целта е да се истражат начини за градење поголема доверба и транспарентност во нашата програма за нуклеарна енергија во замена за укинување на незаконските санкции“.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека испратил писмо до иранското раководство во четвртокот, изразувајќи надеж дека Иран е подготвен да преговара за својата нуклеарна програма. Во интервју за Fox Business, Трамп рече дека претпочита преговори со Иран, но нема да се двоуми да дејствува./Извор:Makfax