Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Две лица повредени во судир со комбе на Брза помош на Партизанска

Две лица се полесно повредени во сообраќајна несреќа што се случи синоќа околу полноќ на булеварот Партизански одреди во Скопје, во која учествувале повеќе возила.

Според информациите, до несреќата дошло при директен судир на патничко возило со комбе на Брза помош од приватна болница. Од Итната медицинска помош потврдија дека двете лица, кои се здобиле со полесни повреди, биле веднаш пренесени во Ургентниот центар за понатамошен третман и опсервација.

Полицијата изврши увид на местото на несреќата, а повеќе детали за причините кои довеле до судирот се очекуваат во наредниот период./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

ВИСОК ПРИТИСОК ГО „ЗАКЛУЧУВА“ ВРЕМЕТО: Стабилност со скриена замка – Детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

СДСМ со упатство: Безидејно ВМРО – ДПМНЕ, Македонија 2030

ДЕСК

Пожар во стан во Скопје, за среќа нема повредени

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.