Утрово температурите се пониски, но преку денот се очекува сончево и топло време со слаб до умерен јужен ветер. Минималните температури ќе се движат од -4 до 3 степени, додека максималните ќе достигнат од 17 до 23 степени.
Во Скопје, денот ќе биде сончев и топол, со минимална температура од 0 и максимална до 23 степени.
Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), топлиот период ќе продолжи и во наредните денови, што е невообичаено за овој дел од годината. Меѓутоа, од средината на работната седмица се очекува промена – локални врнежи од дожд, кои на некои места ќе бидат поројни и проследени со грмежи и засилен јужен ветер./Извор:Makfax