Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Фото: Министерство за земјоделство
БИЗНИС

Трипуновски: Сериозен акцент дадовме на сточарското производство, целта е најмладите да пијат домашно и квалитетно млеко

„Сериозен акцент се даде на сточарското производство. Сточниот фонд во земјава за разлика од пред десетина години е урнисан. Имаме десеткувана бројна состојба на сточниот фонд“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски во „Наткаст“.

„Поради тоа субвенцијата за литар предадено млеко е зголемена. Предвидовме и дополнителни субвенции за оставено женско теле“, појасни министерот Трипуновски.

Министерот додаде дека субвенцијата за грло крава е 8.000 денари. Опозицијата и одредена јавност се обиде да шпекулира дека субвенциите се намалени.

„Јас имам сериозно објаснување, 8.000 денари се надополнуваат со субвенцијата за предадено литар млеко во преработувачки капацитет, која што е зголемена од 5 на 6 денари. Праќам јасен сигнал до фармерите дека ќе добијат зголемена субвенција доколку има зголемена млекопродукција“, истакна тој.

Министерот посочи дека Македонија бележи сериозен пад на млеко, полиците по маркетите се полни со увозно млеко.

„Со стимулација сакаме нашите најмлади генерации, нашето население да пие домашно и квалитетно млеко“, заклучи министерот.

„Ако ја земете субвенцијата по грло и по литар предадено млеко, имаме навистина сериозно зголемување“, додаде тој.

Можеби ќе ве интересира

Лоша вест: Поскапуваат сите горива – Падна одлука во РКЕ

ДЕСК

„Луѓето треба да се пензионираат подоцна за да излезат од кризата“

ДЕСК

Бројот на работниците во индустријата е намален за 2.8 % во септември 2025 во однос на септември 2024 година

ДЕСК