Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

МВР и Црвениот крст – партнерство потврдено низ децениите заедничка соработка

Заменик министерот за внатрешни работи Астрит Исени денеска присуствуваше на свеченоста по повод одбележувањето на јубилејот 80 години од постоење на Црвениот крст на Република Северна Македонија, на која покровител годинава беше претседателката на РСМ, Гордана Силјановска Давкова.
„Припадниците на Министерството за внатрешни работи заедно со членовите и активистите на Црвениот крст во сиве овие години наназад биле и секако ќе останат целосно посветени и блиски во сите активности каде што хуманоста и помошта бараат благовремено и ефикасно дејствување“, потенцираше заменик министерот Исени при доделувањето на јубилејната плакета за поддршката и меѓусебната соработка на Министерството за внатрешни работи и Црвениот Крст.

Заменикот министер Исени подвлече дека природата на заедничките надлежности на двете институции налага градење на заедничка соработка, комуникација, системи и концепти што ќе им бидат од помош на сите на кои помошта им е потребна, особено кога станува збор за кризните состојби од било каков карактер.

Можеби ќе ве интересира

Вечерва тешка сообраќајка на патот село Караорман – Штип, сообраќајот е во прекин – пожарникари ги извлекувале повредените

ДЕСК

Денеска го празнуваме Свети великомаченик Георгиј

ДЕСК

Временска идила: топли денови и сонце во следните три дена

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.