Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Апсења на повеќе локации низ Скопје, Кочани, Долно Блаце и Табановце

На 04.03.2025 во 17.15 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани ги лишиле од слобода лице(31) и лице(25), двајцата од Кочани. При претрес во нивниот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени ловечка пушка „Бајкал“ калибар 12 GA, куршуми со различен калибар, марихуана и грендер со остатоци од марихуана. Лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 04.03.2025 во 16.50 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода лице(23) од Скопје затоа што кај него биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 04.03.2025 во 20.10 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода лице(25) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 04.03.2025 во 14.45 часот во СВР Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода лице(36) од Велес, кој бил баран по распишана централна потерница. Притоа, кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 04.03.2025 во 20.00 часот во Скопје, на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода лице(18) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 04.03.2025 во 22.20 часот во Скопје, на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода лице(28) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 04.03.2025 во 14.20 часот на Граничниот премин Долно Блаце, за влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода лице(32) од с.Боговиње, тетовско, затоа што при пасошка контрола и проверка во оперативната евиденција било констатирано дека од Основен кривичен суд Скопје му била определена мерка притвор. Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Скопје за издржување на мерката притвор.

На 04.03.2025 во 14.30 часот на Граничен премин Табановце, на излез од државата, полициски службеници го лишиле од слобода Н.Б.(45) од Република Албанија затоа што при извршена пасошка контрола и проверка било констатирано дека на увид приложил фалсификувана лична карта. Лицето било предадено во СВР Куманово за понатамошна постапка.