15. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
РЕГИОН

Украле 202 парфеми во вредност од 17.640 евра: необична кражба во Загреб

Полицијата во Загреб пријавила 24-годишник, 20-годишник и 19-годишник кои се осомничени дека од средината на март 2024 година до 24 февруари годинава од парфимерии во поширокото подрачје на Загреб украле 202 парфеми во вредност од 17.640 евра.

Полицијата прецизираше дека тројката изминатава година посетувала парфимерии на повеќе места, каде во неколку наврати заедно, понекогаш во парови, а понекогаш сами, ги користеле приликите кога вработените биле зафатени и извршиле кражба 19 пати.

По завршувањето на кривичната истрага, 24-годишниот и 20-годишникот се предадени на надзорникот на притворот, а полицијата се уште трага по 19-годишникот. Сите тројца се пријавени во загребското општинско кривично државно обвинителство./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Дачиќ: Хрват е уапсен за време на протестите, толку за тоа дека овие протести немаат никаква врска со надворешен фактор

C +

Пратеник претепан во Белград: „Ме удираа со шипки по главата“

C +

Албанија размислува за прво министерство управувано од вештачка интелигенција

C +