Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Денес променливо облачно со дожд, од утре сонце

Времето денеска ќе биде променливо облачно, наутро по одделни котлини со услови за појава на магла. Во текот на денот ќе има врнежи од дожд, наместа пообилни (до 15 l/m2). Во попладневните и ноќтите часови поради продор на постуден воздух од север на планините и на некои повисоки места претежно во северозападните делови врнежите ќе бидат од повремен снег. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната ќе достигне од 6 до 11 степени.

Во Скопје, слично време со повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 11 степени.

Синоптичарите, од утре најавуваат период на стабилно, претежно сончево време со пониски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Драматична тепачка меѓу повеќе лица во скопската населба Аеродром – причината банална

ДЕСК

Тешка сообраќајка на патот Струмица – Ново Село, сообраќајот е во целосен прекин

ДЕСК

Турски државјанин со скапоцено “bmw 5” удрил во контејнери и автомобил во Скопје, па побегнал од местото, но полицијата му го “нашла крајот”

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.