Советот на Општина Илинден на 42 седница ја усвои Завршната сметка на Буџетот на Општина Илинден за 2024 година. Исто така, беше презентиран и Извештајот за работењето на Општина Илинден во 2024 година. Реализацијата на вкупните приходи на Буџетот за 2024 година се реализирани 100% согласно планираниот Буџет.
Значително е да се истакне дека над 70% од вкупните расходи на Буџетот на Општината се реализирани за изградба и реконструкција на капитални инвестиции во Општината, од кои најголемиот дел од нив се за изградба и реконструкција на инфраструктурни објекти, во здравствената заштита, изградба и реконструкција на патишта и улици, фекална канализација, изградба и купување на урбана опрема, сообраќајна, јавно осветлување, спорт и рекреација, образование, детската заштита и уште многу други области.
Општина Илинден и во текот на оваа 2025 година останува посветено да работи на реализација на сите планирани проекти.
ПОВЕЌЕ ОД ИНТЕРНЕТОТ...