27. февруари 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Во тек е исплата на образовниот додаток за втор мерен период за учебната година 2024/2025 година

Министерството за социјална политика, демографија и млади ги информира граѓаните дека во тек е исплата на образовниот додаток за втор мерен период за учебната 2024/2025 година.

Исплатата на додатокот за образование се врши во четири мерни периоди, и тоа:

за првиот мерен период во текот на месец декември во тековната календарска година,
за вториот мерен период во текот на месец февруари во наредната календарска година,
за третиот мерен период во текот на месец мај во тековната календарска година и
за четвртиот мерен период исплатата се врши во текот на месец јули во тековната календарска година.