Утре ќе има локални врнежи од дожд особено во југозападните делови. Во петок и за време на викендот врнежите наместа ќе имаат пороен карактер. Во недела и понеделник на планините и на некои повисоки места во северните делови врнежите ќе бидат од повремен снег.
Прогноза за 28.02.2025
Минимална температура: 1°C до 5°C
Максимална температура: 8°C до 15°C
Променливо облачно, претпладне по котлините со појава на магла и ниска облачност. Попладне и кон крајот на денот ќе има повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Прогноза за 01.03.2025
Минимална температура: 1°C до 8°C
Максимална температура: 7 до 13°C
Променливо облачно, по котлините со појава на магла и ниска облачност. Во текот на денот ќе има повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Прогноза за 02.03.2025
Минимална температура: -1°C до 7°C
Максимална температура: 4 до 11°C
Променливо облачно, по котлините со појава на магла и ниска облачност. Во текот на денот ќе има повремен локален дожд, на планините од повремен снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
ПОВЕЌЕ ОД ИНТЕРНЕТОТ...