Соопштение на СДСМ:
На првата надзорна расправа „Ефекти од аерозагадувањето во Скопје и во другите градови врз здравјето на луѓето и мерките што се преземаат за заштита на јавното здравје“ ДПМНЕ ја покажа вистинската вистина, или новото нормално – дека воопшто не се грижат за животната средина и здравјето на граѓаните. Лицемерието го покажаа и ВЛЕН и ЗНАМ кои исто така не ја удостоија расправата барем со по еден свој претставник. Владејачкото мнозинство ја бојкотираше дебатата за еден од најгорливите проблеми на граѓаните. Покажаа дека не се одговорни за ништо.
Поканети беа премиерот Мицковски и министрите Меџити и Божиновска, како и градоначалниците на Град Скопје, Кисела Вода, Карпош и Шуто Оризари. Никој не се појави.
На расправата присуствуваа пратениците на СДСМ и Левица, и гости, пред се од невладиниот и научниот сектор и само еден претставник од државната администрацијата, кои беа конструктивни и отворија ред прашања и дискусии кои на јавноста и ги предочија проблемите со кои се соочуваме со аерозагадувањето, но и начините за надминување на истите.
Во македонското собрание се отвори конструктивен дијалог чија цел беше да се подигне на повисоко ниво и политичката култура во државата за еден од најголемите проблеми со кој денес се соочуваме – загадувањето на воздухот.
Аерозагадувањето не е прашање на политика или партии, и не прави разлика по ниеден основ. Загадениот воздух го дишат сите, а најзагрозени се децата, хронично болните и најранливите категории. Загадениот воздух е директна закана по квалитетот на животот на секој граѓанин во државата и бара брзи мерки за надминување на состојбите, но и долгорочно системско решение кое ќе ни помогне да ги надминеме сегашните состојби. Потребна ни се инвестиции во обновливи извори на енергија, итно решавање на проблемите со отпадот, постојана замена на нееколошките системи во јавните објекти и домовите, намалување на загадувањето од индустријата. И на централно и на локално ниво.
Секој граѓанин има право на чист воздух, а власта има обврска истото да им го обезбеди. Потребни се одлуки кои ќе донесат позитивна промена, а оваа власт очигледно за тоа не е способна.
ПОВЕЌЕ ОД ИНТЕРНЕТОТ...