За денеска е закажана итна седница на Советот за национална безбедност на Србија, соопшти претседателската канцеларија за односи со медиумите.
Седницата е закажана за 17 часот во зградата на Генералниот секретаријат на предлог на српскиот претседател Александар Вучиќ, кој ќе претседава со неа.
Сето ова доаѓа откако, Претседателот на Република Српска, Милорад Додик денеска е прогласен за виновен по обвинението за непочитување на одлуките на високиот претставник на БиХ. Додиќ е осуден на една година затвор и шест години забрана за извршување на државна функција.
ПОВЕЌЕ ОД ИНТЕРНЕТОТ...