Интензивните посети на владините претставници во САД треба да резултираат со формализирање на барања или очекувања за напредок на државата на меѓународен план, ВМРО-ДПМНЕ ниту соопштиле ниту некој слушнал за некакви барања, евентуална поддршка и каква, оцени претседателот на СДСМ Венко Филипче на денешната прес конференција.
„Што се однесува до интензивните посети на владините претставници во САД, СДСМ ги поздравува овие напори за продлабочување на стратешкото партнерство со САД. Она што останува нејасно, е со која цел се овие посети и што може да очекуваме како исход од нив. Освен флоскули како „ние сме први во редот“ и „ова е новото нормално“ засега не е јасно што Владата побарала и очекува од новата администрација во САД. Сме имале поддршка, но никој се уште не слушна каква е таа поддршка и што тоа значи во остварување на целите и интересите на граѓаните“, потенцираше Филипче.
На прес конференцијата и меѓународната политика која ја води владејачката партија, Филипче исто така истакна дека од кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт зборува за резултати кои во реалноста не ги покажува.
„Искуството од овие девет месеци со Владата на ВМРО-ДПМНЕ е дека многу зборува, а не покажува конкретни резултати. СДСМ јасно посочи дека е потребно конкретно формализирање на овие напори и нивно преточување во јасни барања кои ќе носат напредок на државата на меѓународен план. Северна Македонија заслужува стабилна, предвидлива и принципиелна надворешна политика. Заслужува дипломатија што гради доверба, а не што ја руши. Заслужува јасна визија за своето место во светот. СДСМ останува посветен на европската иднина, на силните сојузништва и на надворешна политика која е доследна, кредибилна и во интерес на граѓаните“ заклучи Филипче.
ПОВЕЌЕ ОД ИНТЕРНЕТОТ...