10. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Венко Филипче: Претседателот Борис Трајковски беше вистински државник, проевропски политичар, пример за храбро и мудро лидерство

Фејсбук статус на лидерот на СДСМ, Венко Филипче:

Денес навршуваат 21 година од авионската несреќа во која трагично ги загубија животите претседателот Борис Трајковски, членовите на неговиот кабинет и екипажот на авионот.

Претседателот Борис Трајковски беше вистински државник, проевропски политичар, пример за храбро и мудро лидерство. Ќе остане запаметен по неговите заложби за соживот, мир, за напредок и меѓународна интеграција на нашата држава.

Вечна му слава, нека е вечно сеќавањето на претседателот Борис Трајковски.

Можеби ќе ве интересира

„EXIT“ во Скопје? Што кажа Орце – а што кажува самиот фестивал

C +

Шукова: Ќе го завршам проектот за прочистителна станица во Трубарево време е за зелено Скопје и здрава средина

C +

Филипче во Франција лобира за Македонија: Резолуцијата е гаранција за заштита на националните интереси

C +