26. февруари 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Фото Уставен суд
МАКЕДОНИЈА

Уставен Суд ја оддржува четвртата седница

На 26 февруари (среда) во 9:30 часот, Уставниот суд ќе ја одржи 4. седница со дневен ред на кој е закажано да се дискутира по осум иницијативи и три барања за слободи и права. Поради интерес на јавноста информираме дека за предметот во кој се оспорени два члена од Изборниот законик дискусијата е исцрпена и ќе се премине директно на гласање.

Дополнително, поради прашања од повеќе медиуми, Судот известува дека на седницата утре ќе се дискутира за Реферат У.бр.198/2024 во кој:

Оспорен акт: Одлука за давање одобрение за основање на приватно средно училиште „Медреса Иса Беу” с. Кондово, донесена од Владата на 26 март 2024 година.

Подносител на иницијативата: Славко Николов

Од наводите во иницијативата:
Во иницијативата се наведува дека основач на приватното средно училиште е Исламската верска заедница, за што подносителот тврди дека верска заедница и религиозна група не е дозволено да биде основач на приватно средно училиште каде што ќе се организира и остварува настава за средно гимназиско образование од општествено-хуманистичко подрачје, јазично-уметничко подрачје и природно-математичко подрачје. Според подносителот, Уставот дозволува верските заедници да основаат верски училишта, но тие да бидат од верски карактер, операционализирани со закон.